https://www.youtube.com/watch?v=eUKH6BzPUlU
– Безбедносната состојба е добра, но се работи и да се подобри, се со цел граѓаните на Охрид и околината да бидат задоволни од работата на македонската полиција и од безбедноста, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска за време на посетата на СВР Охрид во склоп на посетите што се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталната состојба и проблемите со кои се соочуваат.
Еден од клучните проблеми во СВР Охрид е недостатокот на кадар, но договорени се мерки со кои ќе се реши и овој проблем.
-Можеме да бидеме задоволни од начинот на работа, но тоа постојано треба да се надградува. Ги повикувам и граѓаните да соработуваат со македонската полиција, рече министерот Спасовски.