Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Возачот на Дурмо Турс добива закани, се преземаат мерки за заштита

0
By Нова ТВ on February 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 27, 2019 12:48

Возачот на автобусот кој  пред две недели се излета на патот Скопје-Тетово при што загинаа 15 лица, а 36 беа повредени, добива закани по неговиот живот, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за негова заштита како дел од постапката, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој очекува Јавното обвинителство за многу кратко време да каже конкретна причина за несреќата за што се прибрани многу материјали, а се при крај вештачењата.

– Уште работиме во однос  на случајот по наредбите што ги добиваме од Јавното обвинителство. Многу  материјали се прибрани, вештачењата се при крај и очекувам дека ЈО за многу кратко време ќе излезе  со конкретна причина во однос на случувања. Точно е дека возачот има закани по неговиот живот. Има закани и заради тоа  преземаме мерки за негова заштита бидејќи и тоа е дел од таа постапка. Важно е да ги заштитиме сите, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектгот „Безбедни семејни паркинг зони“.

За несреќата што се случи на 13. овој месец Обвинителството најави одлука по обезбедување на сите докази, целокупната релевантна документација, обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, испитувањето на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот.

По наредба на обвинителството детално техничко вештачење на автобусот врши Машинскиот факултет во Скопје, а вешт наод и мислење треба да обезеди и Бирото за судски вештачења. Од компанијата „Дурмо турс“ сопственик на автобусот  е побарана целосна документација за дозволите кои ги поседува за јавен превоз, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот, како и податоци за работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.