„450 000 евра исплатени на телевизија Сител само три дена пред изборите но врвот на корупцијата не беше постигнат бидејќи за други седум дека се префрлени еден милион евра. Колку е сумата која се исплаќа на Сител телевизија?“, пратеникот Оливер Спасовски постави пратеничко прашање до Премирот.
Премиерот Никола Груевски oдоговори дека политиката на Владата за реформите кои ги прави наоѓа полесен начин да бидат достапни до граѓаните и фирмите, па затоа прави реклами.
– Токму она е тоа за што говореше пратеникот. Се работи за исплата на обврски кон тој медиум ама не само кон тој медиум, туку кон сите медиуми, сè друго е манипулација, набивање тези кои не се точни и обид за испревртување на вистината. Значи, станува збор за исплати за информативни кампањи кои ги порачала владата, сè друго е неточно. Владата е фокусирана на реформите и проектите и на нивно спроведување.
По добиениот одговор од Никола Груевски, Спасовски незадоволен, истакна дека ако во САД се објавува дека Пентагон троши 250 милиони долари за реклами , тогаш зошто Груевски крие.
„Им давате пари на медиумите за реклами, а тие ги уплаќаат на сметка на партијата“, рече Спасовски.
На ова Груевски со одговор – поставете прашање надвор од парламентарната говорница и преку една судска процедура да ја докажеме вистината.




