Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Законот за укажувачи треба уште поблиску да се доближи до јавноста

0
By Соња Крамарска on May 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи ги направи сите неопходни обврски за реална операционализација на Законот за заштита на укажувачи, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Сметам дека за ефикасна примена на Законот за заштита на укажувачите значително влијание има потребата од негово уште поблиско претставување на севкупната јавност, нејзино анимирање од бенефитите што овој Закон ги носи. Не случајно во сферата на работата на МВР,  Одделението за превенција и интегритет при Одделот за внатрешна контрола  во рамки на Програмата за јакнење на полицискиот интегритет во изминатиот период, посвети особено внимание на информирањето и приближувањето на законот до вработените опфаќајќи ги сите полициски службеници од сите СВР-а и од Граничната полиција како примарни таргет групи на таа превентивно-едукативна програма“, рече Спасовски.

Министерот нагласи дека и покрај низата преземени активности во поглед на примената на Законот, сеуште не можеме да констатираме дека оваа норматива во целост ја оправда посакуваната цел, независно што навремено, како што рече, одговоривме на сите структурни претпоставки за негова конкретна примена.

Спасовски учествуваше на работилницата „Пет години од имплементацијата на Законот за заштита на укажувачи“, во организација на Транспаренси Интернешнл, а во рамки на проектот „Застапување на имплементација на законодавство за укажувачите во Република Северна Македонија“, поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. На работилницата учество земаа претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева, вицепремиерката Славица Грковска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, Народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски.

Закон за заштита на укажувачи Оливер Спасовски Транспаренси Интернешенл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.