Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Зошто бегаат луѓето од Македонија?

0
By Нова ТВ on December 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 15, 2013 16:59


Денеска, оваа влада отвори работни места, тоа е точно, ама надвор од границите на Република Македонија. Благодарение на оваа влада, 230 илјади млади луѓе ја напуштија Македонија, за последните 6 години, изјави Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ на трибината во Гази Баба.

-Вкупно над 460 илјади граѓани заминале од Република Македонија според официјалните статистички податоци. Милуваа, овие од ВМРО да кажуваат дека луѓето на времето бегале од комунизмот.

Јас сега се прашувам од кој комунизам бегаат луѓето во овие 6 години? Ова е бетер од секое тоталитарно општество, што ни се случува на Република Македонија, во овој момент.

За подобрување на бизнис климата предвидуваме низа мерки, кои се однесуваат на даночни олеснувања, на поволности при вработувања на млади лица. Предвидуваме формирање на 16 бизнис инкубатори во Република Македонија кои ќе можат да работат на нови идеи, за отворање на нови мали и средни бизниси во државата.

Тие проекти ќе ги финансира владата на СДСМ, со по 10 илјади евра реални пари. Преку разни мерки, кои ќе бидат предвидени, за да можеме што е можно повеќе млади луѓе да ги вратиме во државата. Се предвидува, според анализите, во тие 16 бизнис инкубатори, по 5 илјади работни места да се отворат на годишно ниво, преку разни олеснувања на бизнис секторот. Само тоа е вистинскиот начин како Република Македонија може да се справи со невработеноста.

Само на тој начин ќе обезбедиме надеж и перспектива кај младите луѓе во државата. Само на тој начин можеме да ја вратиме вербата во Република Македонија и тука да можеме да ја градиме нашата иднина и среќа.

Тимот на Зоран Заев е тимот што ќе победи на наредните избори, без разлика кога ќе се одржат, и ќе изгради постабилна, попросперитетна и понапредна Република Македонија.

Упатувам порака, СДСМ широко ја отвора вратата за секој прогресивен граѓани на Република Македонија, да ни се приклучи. Ова не е битка на поединци, ова не е битка за кариери, ова не е битка за лични интереси. Ова е многу поголема битка за државата. Битка за иднината! Битка за задржување на младите луѓе во Република Македонија, изјави Спасовски на трибината во Гази Баба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.