Студентското пленумско движење ги повика студентите и средношколците утре да ја напуштат наставата и во 12 часот и 5 минути да им се придружат на родителите на жртвите од Кочани на марш.
Наша должност е да ја напуштиме наставата и да се приклучиме во знак на поддршка на родителити, чиј протест од ЈО ќе продолжи кон плоштадот и кон Собранието, напишаа од Студентското пленумско движење.