Published: Saturday, February 27, 2016 10:45
Специјални полициски сили се распоредени и ги надгледуваат крстосниците во скопската населба Бутел, откако симпатизери на ДУИ најавија блокада на кружниот тек каде денеска во 11 часот е закажано осветување на темелите на метален крст висок 51 метар.
.jpg)
Иницијативата за металниот крст кој е широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте апостоли, а поднесе Светскиот македонски конгрес.
Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, со свештеници од Скопската епархија.




