Протестите на новинарите кои сакаа мирно го изразат својот револт поради казната затвор на новинарот Кежаровски беа спречени да дојдат до Музејот на на македонската борба.
Кордон полицајци ги спречи да пристапат на закажаното место за мирен протест, по што
новинарите се обидоа да го пробијат кордонот.
Но после ова беа повикани специјални полициски сили кои ги заобиколија новинарите кои ги има околу 100-тина, присуството на полицајците се проценува на 50-тина.
Ова е прв ваков протест по изрекувањето на 4,5 годишна казна затвор на новинарот Кежаровски, предходно повеќе пати новинарите на протест пред судот бараа тој да биде ослободен од притвор и да се брани од слобода.
Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски повика на мирен протест денес во 12.05 пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
„Ниту еден текст напишан во „Репортер 92“ не беше демантиран. Заштитениот сведок, не знам кога стана заштитен иако сум бил кај него дома и имам разговарано со неговото семејство, каде ми објаснуваше за полициските тортури кои ги доживувал и притисоците под кои давал исказ во полиција“, се дел од завршните зборови на новинарот Томислав Кежаровски во судница.
Во оваа пресуда на Основниот суд Скопје 1, останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Судскиот процес за овој случај траеше два месеца. Тие беа обвинети за примање поткуп, злоупотреба на службена положба, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.




