На иста маса полна со луѓе, со претседателот Иванов на Советот за безбедност седна и осомничен за изборен криминал во акцијата Титаник. Сега по одлуката на Уставниот суд, тој може да бара и да добие помилување од Иванов за делото за кое го истражува специјалното обвинителство, објави Телма.
Станува збор за советник во Агенцијата за разузнавање, иако го немаше на листата поканети беше во друштво на директорот на Агенцијата Наќе Чулев и присутен на советот за безбедност кој во проширен состав расправаше за бегалската криза.
За овој осомничен во Титаник, специјалното обвинителство бараше и притвор поради можно влијание на сведоци. Судот не го прифати предлогот на обвинителството и не му одреди притвор на К.Т. долгогодишен член на кабинетот на екс министерката Јанкуловска кој по нејзината оставка лани во мај се префрла во агенцијата за разузнавање.




