НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спектакл наречен Суперкуп: Скопје ја доживува идејата на Антон Виткамп

0
By Нова ТВ on August 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Идејата за Суперкуп натпревар датира од 1971 година. Ја иницира Антон Виткамп, новинар и уредник во весникот „Де Телеграф“, во време во кое холандскиот тотален фудбал на клупски план (особено Ајакс) и на репрезентативен под водство на легендарниот Јохан Кројф земаше замав во Европа. Првичната замисла се однесуваше на пресметка меѓу освојувачите на тогашниот Европски куп и на Купот на победници на купови (КПК) што низ годините подоцна се менуваше и еволуираше.

До 1997 година се играше по принципот дома-гости по што УЕФА одлучи да од еден меч на неутрален терен како послецица на проблеми за адаптација на календарот или од политичка природа што беа случаи во 1984 година, во 1986 година и во 1991 година, а во 1974 година, во 1981 година и во 1985 година воопшто не се организира.

Фото: uefa.com

Привилегијата од 1998 година до 2012 година за домаќин на Суперкуп мечот ја имаше Монако и стадионот „Луј Втори“ кој беше мегдан на вкупно 15 судири на европски фудбалски великани. Оттогаш УЕФА реши да ја рашири магијата по целиот континент и секоја година да го сели престижниот настан од град во град. Скопје („Телеком арена“) е само шести домаќин во низата по Прага во 2013 година („Еден арена“), Кардиф во 2014 година (стадин „Милениум“), Тбилиси („Борис Паичадзе Динамо арена“) и Трондхајм (стадион „Леркендал“). Наредната средбата, пак, меѓу победниците во Лигата на шампиони и во Европа лигата ќе биде на „Ле Кок арена“ во Талин, Естонија.

Фото: ffm.mk

Неколкупати се менуваше и дизајнот на Суперкуп трофејот. Првиот што го освојуваше Ајакс во 1973 година и во 1974 година беше исклучително габаритен. Замената подоцна беше пониска и полесна од сите европски пехари под капата на УЕФА и тежеше 5 килограми и висок 42,5 сантиметра. Колку за споредба, титулата во Лигата на шампиони е тешка осум килограми, а во Европа лигата, речиси, двојно повеќе – 15 килограми. Најновиот модел на Суперкуп пехарот што ќе биде врачен и вечерва на „Телеком арена“ е тежок 12,2 килограма и висок 58 сантиметри. Од 2008 година, тимот што ќе забележи три победи во низа или пет вкупно го добива оригиналниот пехар во трајно владение со што, засега, може да се пофалат Милан и Барселона. Победниците под тие бројки добиваат реплики.

Фото: uefa.com

Европската фудбалска асоцијација предвидува и парична награда за клубовите учесници во Суперкуп пресметката што од 2012 година е 3,2 милиони евра за победничката екипа и 2,2 милиона евра за поразената.

Од Суперкуп правилникот и за распределбата на влзниците. Шеесет отсто од капацитет на стадионот оди за двата клуба, останатиот дел го нуди УЕФА преку интернет аукции.

Клуб со најмногу Суперкуп средби е Барселона. Каталонците досега имаат девет во кои пет пати победуваа колку и Милан од седум учества. Ливерпул и Реал Мадрид имаат по три титули, Ајакс, Андерлехт, Валенсија, Јувентус и Атлетико Мадрид по две, по една во клупските витрини имаат Севилја, Порто, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Челзи, Динамо Киев, Нотингем форест, Астон вила, Абердин, Стеауа, Мехелен, Парма, Лацио, Галатасарај и Зенит Санкт Петербург.

Фото: news.xinhuanet.com

Фудбалери со најмногу освоени трофеи во натпреварот се Паоло Малдини и Дани Алвеш. Двајцата имаат по четири и воедно се рекордери по бројот на настапи – пет. Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти, пак, се менаџери со најмногу победи. Шпанецот и Италијанецот по трипати предводеа екипи до тронот, а кога е во прашање самото учество тука друштво им прави и сер Алекс Фергусон.

Фото: squawka.com

На листата на стрелци со три гола водат Ари Хан, Олег Блохин, Герд Милер, Роб Ренсенбринк, Франсоа ван дер Елст, Тери Мекдермот, Радамел Фалкао и Лионел Меси. Единствен со хет-трик досега е Колумбиецот Фалкао во дресот на Челзи во 2012 година.

Антон Виткамп Почетоци Суперкуп Трофеј УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.