Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјализанти по стоматологија: Стравуваме дека ќе бидеме изиграни-3 месеци нема плата

0
By Менче Атанасова Точи on December 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјализантите по стоматологија се уште не ги добиле платите кои како надоместок на нивниот труд им ги вети министерот за здравство Венко Филипче. Финасиските средства  им беше ветено дека ќе ги добиваат од октомври, сметано со платата од септември. Специјализантите велат дека постојано прашуваат во Министерството за здравство и во Министерството за финансии кое треба да ги одобри средствата, но велат дека тие постојано си ја префрлаат топката едни на други.

„Во Министерството за здравство ни кажаа дека документите се испратени на потпис во Министерството за финансии и дека работата ќе биде завршена бргу, за да можеме да ги потпишеме договорите. По последното јавување во Финасии, кој знае кое по ред, ни рекоа дека тие немаат добиено никаков документ од Министерството за здравство“, велат за НОВА, специјализантите по стоматологија.

Специјализантите по стоматологија потенцираат дека редовно ги исполнуваат работните обврски, а се уште немаат потпишано никаков договор.

„Изминаа 3 месеци, а ние сеуште не сме потпишале ниту договори, ниту пак сме ја примиле долгоочекуваната прва септемвриска плата, а денес е веќе е декември. Извесен период се обидуваме да дознаеме дали и каде постои пречка за наша исплата и одговорите кои ги добиваме се за нас нејасни и незадоволителни. Сметаме дека не сме субјект за манипулација, туку напротив треба да сме ценети согласно нашиот придонес. Очекуваме нашите заложби да добијат позитивна разрешница во најскоро време, бидејќи крајот на календарската година се ближи, а ние стравуваме дека може да бидеме изиграни“, велат специјализантите по стоматологија

Од Министерството за здравство за НОВА велат дека се предвидени финансиски средства за стоматолозите специјализанти и дека се чека на одобрување на Министерството за финансии.

„Фондот за здравствено осигурување на РМ има предвидено буџет за исплата на стоматолозите специјализанти и средствата се префрлени на Клиниката за стоматологија.  Министерство за здравство даде согласност за вработување со договор на дело преку кои ќе се исплаќаат приватните специјализантите и истата е испратена преку ФЗОМ до Министерство за финансии. Во моментов се чека на одобрување во Министерството за финансии“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Од таму потенцираат дека приватните специјализанти по стоматологија се предвидени и во буџетот за 2019 та година и ќе бидат исплаќани и следната година.

НОВА се обрати со прашања и до Министерството за финансии, но од таму веќе петти ден чекаме одговор. Специјализантите за утре најавија дека ќе излезат пред Стоматолошкиот факултет за повторно да укажат на нивниот проблем. Тие секојдневно ги извршуваат своите работни обврски со пациенти поради што бараат валоризација на нивниот труд.

Во средината на септември тие одржаа мирен протест пред Министерството за здравство по што министерот Филипче им вети дека ќе добиваат плата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.