Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спироски: Најголемата предност од договорот со „Бехтел-Енка“ е што се знае дека изведувачот ќе си ја заврши работата и го има знаењето

0
By Соња Крамарска on May 19, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметам дека договорот со „Бехтел-Енка“ треба да се реализира и ќе се реализира, вели првиот човек на „ИРД инженеринг“, Дарко Спироски, чија фирма ќе го врши надзорот врз градењето на автопатските делници од коридорите 8 и 10д.

„Тоа е за општо добро, треба да се заврши изградбата на европските коридори кои се низ Македонија. Со изградбата на овие автопати единствена делница која ќе остане неизградена ќе биде Битола – Меџитлија, односно до границата со Грција и има распишано тендер за Кичево – Букојчани, и верувам дека таа ќе се изгради. Така што, го заокружуваме тоа што го викаат крстот автопати, север – југ и исток – запад“, вели Спироски во интервју за „Независен“.

Тој додава дека најголем ризик за еден инвеститор кога ќе распише тендер кај нас кога се оди со стандардната постапка, е каков изведувач ќе добие.

„Се случуваше и кај нас во Македонија да има изведувачи кои даваат ниски цени, а потоа по тие ниски цени не можат да го завршат договорот. И се раскинува договорот, се оди на арбитража, три-четири години стои патот. Во овој случај, кога се склучува директно договор со фирма, најголема предност е што добивате изведувач за кој знаете дека ќе ја заврши работата, кој е финансиски способен, кој има ноу хау, кој го има знаењето“, истакнува Спироски.

Тој во случајов појаснува дека „Бехтел-Енка“ се и контрактор и проектант.

„Кај нас во Македонија имаше изведувачи кои даваа ниски цени за да ја добијат работата, но потоа тешко им е да го реализираат договорот, затоа што со ниските цени кои што ги дал не остваруваат добивка или профит. Тоа е во фазата на тендерирање. Во фазата на подготовка на документацијата, често проектната документација, значи основниот проект не е доволно разработен за изведувачот да може да влезе да работи. На пример, во англиската терминологија изведувач се вика контрактор, кој буквално значи спроведувач на договорот. Тој го има договорот, се му е напишано во него и тој само го спроведува“, дополни Спироски.

Тој вели дека цената од 1,3 милијарди евра која е во договорот е изработена на ниво на проектна документација која ја има во самиот договор.

„Значи, во самиот договор има предмет кој е изработен на ниво на предпроект. Врз основа на тој предмет, кога ќе се помножат предвидените количини по единечните цени кои се дадени во договорот, се стигнува до таа сума која не е 1,3 милијарди туку пресметката која е дел од договорот е 1,29 милијарди евра. Колку ќе биде ќе видиме кога ќе се реализира проектот. Меѓутоа, тоа не значи дека секогаш ќе биде повеќе. Може да биде и помалку“, рече Спироски.

„Бехтел-Енка“ Дарко Спироски интервју Надзор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.