Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спојување на државата и партијата: Кочо Анѓушев-Максим Димитриевски

0
By Биљана Секуловска on September 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 28, 2017 15:32

Заробената држава која беше фрлена на колена е една од најчестите дефиниции за владеењето на Владата на Груевски – споменувана и во македонската јавност и во извештаите на меѓународната заедница.

Еден од клучните проблеми кој се нотира за тоа владеење е нераздвојувањето на државата од партијата, начин на водење на политика кој мора да стане минато, што е и една од препораките и барањата ставени на масата на Заев. Всушност, програмата на Владата на Заев се темели врз кодот 3-6-9, а за кој вели дека е работен врз насоките новиот извештај на Прибе.

Во тој дух се и препораките на ОБСЕ и ОДИХР низ изминатите изборни циклуси, како што и акцентот на овој механизам се вметнува и во препораките на Прибе- одредница која не се однесува исклучиво само на изборните кампањи.

Неколкудневните активности на вице-премиерот Кочо Анѓушев отвораат простор за сомнеж дека се прекршуваат изборните принципи, како и препораките кои странскиот фактор со години наназад ги нотира загрижувачки- акцентот во овој случај е спојување на државата и партијата.

Вице-премиерот Анѓушев деновиве освен што присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на турската компанија Чагатај Кабло во зоната во Бунарџик,  заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Максим Димитриевски,  оствари средба со бизнис заедницата од Куманово, каде што ги објасни мерките на Владата за унапредување и развој на економијата во државата.

Анѓушев за НОВА објаснува зошто како државен функционер најавува странски инвестиции и економските мерки на Владата кои индиректно може да се протолкува дека подразбира ветување за субвенции, односно државни пари- оваа мерка е забранета со Изборниот законик кога станува збор за државни фондови:

-Не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на
објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија
или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта,
водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за
општествени дејности училишта, градинки и други објекти.

 

Сепак, Анѓушев отфрла какво било прекршување на изборните принципи:

-Државните субвенции за првпат во Македонија се доделуваат според јасни правила кои ќе важат за сите подеднакво. Странска инвестиција по правило значи влез на капитал во државата и секако треба да се поддржи инвестицијата.

Токму за оваа  инвестиција се огласи и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил, велејќи дека била  договорена од страна на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ и минатата година бил потпишан Договор.

Но, што се однесува до средбата со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Максим Димитриевски, Анѓушев исто така не гледа проблематичен аспект:

-Во однос на средбата во Куманово, се сретнав со бизнис заедницата во градот. Истото го правев и ќе го правам понатаму бидејќи треба да знаеме кои се локалните проблеми на секоја заедница за да може да направиме рамноправни услови за сите. Немам проблем да седнам на маса со секој оној што сака да помогне на домашните фирми, секој што сака напредок. И во Прилеп и во Велес и во Куманово и во секој друг град.

Кандидатот на СДСМ, Димитриевски, од своја страна, во разговор со НОВА, исто така не гледа спојување на државата и партијата, во неговата средба со Анѓушев, при промовирање на економската програма на Владата (разговорот со Секуловска во видеото подолу).

Експерти за НОВА: Политичарите да се придржуваат кон препораките на Прибе

Александар Новаковски, екс-претседател на ДИК

Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, за НОВА изјави дека државните функционери строго треба да се придржуваат на препораките на Прибе кои се однесуваат :

-Владата јавно изјави дека донеле правила на однесување на сите владини претставници , меѓу кои се и одредбите кога зборуваме како да не смеат да се трошат средства од буџет, но затоа што не се донесе законска регулатива за поделба на државата и партиите, според планот 3-6-9 -за да се исполнат забелешките на Прибе и на конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР од изборите 2016.

проф. Осман Кадриу

Професорот по Уставно право, Осман Кадриу, за НОВА исто така повикува на одвојување на државата од партијата:

-Сметам дека не е баш во духот на изборната кампања. Сметам дека во невреме се прави една ваква свеченост. Требаше да почекаат да заврши оваа кампања. Сметам дека малку се коси со правилата за изборите. Политичарите треба да внимаваат да не ја мешаат државата со партијата. 

Рајнхард Прибе

Клучните препораки на Прибе за раздвојување на државата од партијата

-Во поднасловот Европски вредности, се нотира: Местото на избраните партии е во Парламентот. Интересот на политичарите и партиите не треба да се меша со јавниот интерес на државата.

-Во делот насловен како Патот напред, Прибе го споменува и “спојувањето на државата и партијата”, повикувајќи се “на политичка волја и одлучност да воочат недостатоците и да се направат промените” како услов за “спроведување на препораките на групата”.

-Делот Избори јасно прецизира нотирање на проблем на релација држава-партија: Некои од набљудувачите покажаа загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности… неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати, допринесоа кон поткопување на линијата помеѓу државата и партијата…

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.