Жалиме што СДСМ нема искрен пристап во врска со формирањето на Експертската комисијата за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои предходеа, регираат од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Ние сме свесни дека ова инаетчиско однесување на СДСМ е карактеростично за нивниот политички лидер, Бранко Црвенковски и сеуште се чудиме како не сфатија после сите овие изборни порази дека граѓаните не го прифаќаат и одобруваат ова нивно делување. Ваквото однесување на СДСМ е деструктивно и оди на штета на Република Македонија и на нејзините граѓани“, сметаат од ВМРО – ДПМНЕ.
СДСМ мора да ги остави на страна своите теснопартиски интереси и барем еднаш да покаже дека умее да се однесува одговорно.