Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спорниот ДУП за Лисиче усвоен со 16 гласа ЗА, против гласаа 11 советници на СДСМ и Левица

0
By Ана Василевска on May 29, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУП-от за Лисиче за градската четврт ЈИ 09, блок 09.01 со 16 гласа ЗА и 11 против е усвоен на денешната седница на Советот на Општина Аеродром. Советниците на СДСМ и Левица гласале против, а ЗА гласале советниците од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Фронтлајн.

Како што објавивме претходно спорниот ДУП за Лисиче на дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Аеродром. е доставен како „дополнителна точка на дневен ред, на шверцерски начин“, непосредно пред седницата.

Спорниот ДУП беше ставен три пати на јавна анкета.

Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.

Предлог ДУП-от за Лисиче ЈИ 09.01, по трет пат на јавна анкета. се најде во 2023 година на 10.08. и траеше до,16.08. во периодот на годишни одмори.

Во август минатата година Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром истакна дека Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги излажаа граѓаните. Очигледно Муцунски нема намера да се откаже од намерата за изградба на највисоката висококатница, за која е предвидено да брои 12 ката, односно приземје, 10 ката и поткровје, рече Ристески.

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, тогаш посочи дека на локацијата на која е предвиден нов ДУП во Лисиче не станува збор за изградба на стотици згради и наводно некакво „бетонирање“, напротив станува збор за детален урбанистички план кој подразбира изградба на околу 95% објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој за првпат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче.

Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн.мк

ДУП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.