Речиси 40 илјади таканаречени спорни гласач ќе бидат објавени на веб страницата на Државната изборна комисија до вторник. Станува збор за гласачите за кои што вкрстените податоци и теренските провереки не дале конзистентни податоци, а штом бидат објавени нивите имиња тие имаат 25 дена да дојдат во ДИК и да ги расчистат нејаснотиите.
Државната комисија ќе подготви упатства, формулар за пријавување и ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство.