– Кина предизвика стравувања во целиот регион, со прогласување на зоната за противвоздушна одбрана, оценува американскиот потпретседател Џозеф Бајден по разговорите со кинеските претставници во Пекинг.
Средбата меѓу кинеските и американските претставници се случува по тенизите меѓу Пекинг и Токио за спорниот архипелаг во водите на источното кинеско море.
Според „Њујорк тајмс“, спорот меѓу двете држави може да прерасне во судир од невидени размери . Весникот анализира дека зад одлуката на САД да се вмешаат во овој конфликт стои нивниот страв од кинеско влијание на Пацификот.