Шефот на грчката дипломатија денеска патува за Париз на средба со францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус.
Во вторник лета за САД, каде што во четврток ќе оствари официјална средба со американскиот државен секретар Кери.
Според извори од грчкото Министерство за надворешни работи, спорот за името ќе се најде на агендата на разговорите на Венизелос и Кери, но не како главна тема на разговор, ниту, пак, се прикажува како главна причина за која Венизелос оди во Вашингтон, објавува Утрински весник.
Двајцата министри, покрај спорот за името, се очекува да разговараат и за кипарското прашање, за приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ, енергетиката, економската криза и улогата на Грција во регионот на Средоземјето, Северна Африка и Блиски Исток. Во Грција се најавува, исто така, дека САД се загрижени за порастот на внатрешниот тероризам и нападите во Грција.




