Три лица загинаа, а тројца се повредени во инцидент со пукање во американската сојузна држава Вирџинија.
Како што јавува Си-Ен-Ен, инцидентот се случил во Спотсилванија, таму избувнала престрелката.
Сите загинати се млади, двајца 18-годишни и еден 20-годишен.
Повредени се и три лица кои се пренесени во околните болници.