Спречен обид за шверц на сребрен накит – филиграни во вредност од 65.000 евра на црниот пазар.
Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје откриле четворица турски државјани кои вчераутро пристигнале со авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул.
-Против четворицата турски државјани поднесена е кривична пријава, а запленетиот накит е привремено одземен и ќе и биде предаден на Агенцијата за управување со запленет имот. Во службениот разговор прекршителите информирале дека накитот требало да го предадат на лице од Гостивар, изјави првиот човек на Царината, Каргов.
Станува збор за филигрански накит одлично изработен чија набавна цена е околу 32.000 евра. Досега, како што кажа, накит со таков квалитет не е откриен во Македонија.