Во Србија, заклучно со 16 август, починале четири лица заболени од Западнонилска треска, а бројот на заразените се искачи на 63, објавува на својот сајт Институтот за јавно здравје „Батут“.
Во извештајот е наведено дека починатите се лица постари од 50 години и дека биле хронични болни, односно припаѓаат на категоријата со зголемен ризик.
Од вкупниот број заболени 43 пациенти имале клиничка слика на манингитис, енцефалитис или менингоенцефалитис.
Со цел намалување на ризикот од зараза од вирусот Западен Нил, „Батут“ препорачува примена на мерки за лична заштита од убоди на комарци и тоа со употреба на препарати врз откриените делови од телото во текот на престојот на отворено.