Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија-Косово: Јужно од реката Ибар

0
By Нова ТВ on July 5, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 5, 2013 16:58


Еден град, две локални власт, двајца градоначалници – и двајцата Срби: на тој начин веќе четири години функционира општината Грачаница. Проблемот со паралелните институции е често поврзуван со северниот дел на Косово, но вистинскиот паралелизам всушност постои во областите јужно од реката Ибар каде што владее Српското мнозинство.

За разлика од северот, Србите во јужниот дел живееја според косовскиот систем веќе подолго време. Но договорот од Брисел ќе донесе промени и за нив – во функционирањето на нивните институции и во начинот на кој Србија ќе продолжи да ги подржува.

Знамето на општинската зграда сигнализира дека општината е сеуште дел од Република Србија.

Видак Ристовиќ, заменик-градоначалник на српската општина Грачаница:

Ние функционираме како два различни системи; ние сме дел од системот на Србија а тие се дел од косовскиот. Луѓето доаѓаат кај нас за некои секојдневни прашања поврзани со српските лични документи, изводи на раѓање, лична документација и други административни работи.

Луѓето се редат пред овие шалтери да добијат документи од Србија, но за сите други надлежности на општината тие се должни да одат неколку стотини метри настрана – општина Грачаница, кој функционира во рамките на Косово. Преклопувања на надлежностите помеѓу двете администрации се вообичаени, но двете општини се стремат да се надополнуваат и да соработуваат, вели градоначалникот на општина Грачаница.

Бојан Стојановиќ, градоначалник на Грачаница:

За областите во кои косовските општински јавни услуги се платени од граѓаните, на местата каде што тие чистат, луѓето им плаќаат сметки. Тоа е ситуација на компромис, работиме заедно таму каде што можеме, но луѓето кои се грижат за овие активности се тие кои работат во косовскиот систем. Тие не работат овде затоа што ги сакаат институциите на Косово, туку затоа што немаат друг избор во постигнувањето на своите интереси, а во тоа е суштината.

Освен издавањето лични документи , српската општина Грачаница е најголемиот работодавец за локалното население. Околу 830 луѓе се на списокот за редовна плата, иако речиси само половина од нив имаат вистинска работа. Српската општина претставува канал за Белград финансиски да го одржува локалното српско население и на тој начин да ги од евентуално заминување, додека косовската општина е задолжена за поголемите општински прашања.

Компанијата „Брандикос“ од Грачаница произведува традиционални слатки и бонбони. И покрај тоа што продава само во Србија, компанијата е регистрирана како во српскиот така и косовскиот систем. Тој е должен да води двојно книговодство, бидејќи она што е извоз за Косово се смета како внатрешна трговија за српските власти.

Саша Секулиќ, сопственик на „Брандикос“:

Се е паралелно овде. Регистрирани сме во косовските институции бидејќи тоа е неизбежно, но регистрирани сме како српска компанија исто така. Изминативе две или три години, српските даночни власти сакаат да плаќаме данок во Србија исто така, иако ние плаќаме данок на Косово бидејќи тоа е неизбежно. Во сите наши контакти со даночните претставници во Србија кажано ми е дека морам да плаќам данок на Србија исто така. Но сите знаат дека не може да се плаќа данок на две места.

Двојни лични документи – српски и косовски – се уште една потреба за нормално функционирање на српската општина во централно Косово.

Саша Секулиќ:

Бевме приморани да извадиме косовски лични карти. Нашите деца мораа да земат косовски лични документи бидејќи инаку не би биле во можност да ја напуштат територијата или Косово, или што би било најлошо, не би им било дозволено да се вратат доколку не покажат лични документи издадени од Косово.

Со имплементацијата на бриселскиот договот, двете општини во Грачаница по општинските избори би требало да се слеат во една. Но во српската општина се плашат дека ова би значело загубени работни места за многумина од нивните 830 работници.

За разлика од северот, Србите во југот живееја со косовскиот систем веќе неколку години. Но бриселксиот договот ќе донесе промени и за нив исто така – во функционирањето на нивните институции и во начинот на кој Србија ќе продолжи да ги подржува.

видеото е преземено од SEETV

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.