Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија лута на македонските производители на челик

0
By Нова ТВ on September 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 5, 2013 14:45

Производителите од Србија, на челик, на цевки и на арматура мака мачат бидејќи им се дозволува на компаниите од Македонија, кои увезуваат челик со понизок квалитет од Кина и Индија, овие производи без царина да ги продаваат во Србија, се вели во анализата на српски „Телеграф“.

Работниците во металната индустрија на Србија претрпуваат штети од најмалку 150 милиони евра годишно, бидејќи Министерството за градежништво одбива да ги примени Прописите за контрола на заварени цевки и арматурна мрежа, што е причина зошто локалните производители со години се во неповолна положба во однос на конкуренцијата.

– Прво, тоа е кршење на ЦЕФТА договорот бидејќи производите може да се продаваат на териториите на земјите-потписнички само ако се произведени на територијата на истата земја. Меѓутоа, фирмите од Македонија овде продаваат работи кои не се произведени во нивната земја, а за тоа не им се наплаќа никаква царина. Годишната штета се проценува на 120 до 170 милиони долари, изјави за „Телеграф“, Драгољуб Рајиќ, директор на Унијата на работодавачи на Србија.

Тој вели дека работниците се обратиле и до министерот за градежништво Велимир Илиќ, но тој не одговорил на нивните барања.

„Имаме случај во кој неколку македонски компании увезуваат челик со понизок квалитет од Кина и Индија, кој го користат за изработка на цевки и арматурни мрежи и потоа тие производи со полош квалитет во споредба со српските, ги пласираат во Србија и другите земји од ЦЕФТА. И секако, ги продаваат по пониски цени и затоа се купуваат…Постои опасност од колапс на голем број објекти во Србија, кои се вградени ваквите материјали од втора класа, а се претставени како производи од прва бидејќи Србија не врши контрола на овие производи. Нема Правилник во однос на квалитетот. Ем го уништуваме нашето градежништво и индустрија, ем животот на граѓаните“, вели Рајиќ.

Според пишувањата на медиумот, од Министерството им рекле дека Правилникот е објавен во јули 2011 година, а дека по барање на произведувачите, формирана е Работна група за измена и дополнување на правилникот.

-Министерството ги извести членовите на работната група за недостатоците во предлозите за измена и дополнување на Правилникот, но членовите немаат доставено нови предлози па така ни претставникот на произведувачите, соопштуваат од надлежното министерство.

Според нив, тие не се надлежни за проблемите околу царините и увозот, туку тоа било надлежност на српското Министерство за финансии.

-Домашните произведувачи инсистираат на контрола на увозните но не и на домашните производители, а министерството надлежно за градежни активности го интересира квалитетот на материјалите без разлика каде се произведени. Нагласуваме дека министерот Велимир Илиќ формираше и работна група за подготовка на прописи за градежните материјали, за кои ќе биде преземена и Регулативата за градежни материјали на ЕУ, се наведува во одговорот на Министерството за градежништво и урбанизам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.