Земјите од регинот, Србија, Хрватска и Црна Гора ги започнаа подготовките за орагнизирање или за продолжување на изборните процеси.
Србија парламентарните избори ги планираше за 26 Април но пандаемијата го запре изборниот процес. Со прогласувањето на вонредната состојба Државната изборна комисија во таа земја ги запре подготовките за избори. Со укинувањето на вонредната состојба во Србија нивната Државна изборна комисија продолжи онаму каде што застана. Граѓаните на Србија на избори ќе излезат на 21 Јуни.
Оваа е изборна година и во Хрватска. Премиерот Пленковиќ соопшти дека Владата ќе предложи Собранието да се распушти на 18 Мај а изборите да се одржат како што вели хрватскиот премиер на 21 или 28 Јуни или пак ако така налага ситуацијата изборните да се одржат најдоцна на 5 или 12 Јули.
“Наша цел е да добиеме што поскоро функционална власт” изјави премиерот Пленковиќ.
Оваа година е изборна и за Црна Гора каде што парлементарните избори се планирани да се одржат во октомври.




