Бирото за координација на безбедносните служби во Белград, кои беа задолжени за проценка на ризикот од одржувањето на настанот, одлучија дека Парада на гордоста нема да има, јавува РТС.
Според неофицијални информации, на седницата на Бирото, на основа на безбедносните проценки, шест членови гласале За, а шест Против одржувањето на настанот.
Денеска, беше најавено дека доколку настанот добиеше зелено светло, ќе бидат ангажирани околу 6 500 припадници на полицијата, што би претставувало најголем ангажман од ваков вид.
– Полицијата ќе ги забрани сите собири закажани за утре, изјави премиерот Дачиќ.
Според него, никој не треба да го стави под прашање политичкото определување на државата и тоа дали се почитуваат Уставот и загарантираните права, бидејќи само безбедносните ризици не дозволуваат одржување на овој настан.