Србија прави уште еден чекор напред на својот пат кон членството во ЕУ . На 1 септември Договорот за стабилизација и асоцијација (ССА ) помеѓу Европската унија и Србија стапува на сила. Овој договор донесува конкретни придобивки во трговските односи и унапредување на процесот на пристапување во целина.
“Денес е пресвртница во патот на Србија кон ЕУ , како и голема придобивка за граѓаните од двете страни . Србија сега има сеопфатна рамка која и овозможува да се доближи до ЕУ и да се подготваа за идното учество во единствениот пазар , со сите бенефиции што тој ги нуди за бизнисот и граѓаните ” , рече европскиот комесар за проширување и соседска политика , Штефан Фуле.
Договорот ги поставува правилата за сеопфатно партнерство меѓу Србија и ЕУ , кое ќе ја поттикне слободната трговија меѓу двете страни. Ова партнерство овозможува формирање на многу покомплетна формална институционална структура , што ги опфаќа не само трговија и трговски прашања туку и, политичкиот дијалог, правдата и внатрешните работи , иновациите, истражувањето, електронските комуникации, медиумите , социјалната политика, транспортот , животната средина и енергијата и регионалниот развој.