Општината Нова Варош во Србија утринава ја зафатија снежни врнежи кои им предизвикаа проблеми на жителите од планинските села, патиштата на некои места се целосно затрупани.
Надлежните екипи се на терен и работат на чистење на патиштата, иако сезоната на зимското одржување заврши.
„На Златар од утрово има речиси половина метар нов снег. Засега снабдувањето со електрична енергија е во ред, но големо количество снег останува на далноводите и се стравува дека доколку продолжат врнежите, може да има уште поголем проблем. Полицијата го регулира сообраќајот и ги исклучува оние возачи кои тргнале на оваа делница без соодветна опрема“, вели Радосав Васиљевиќ, претседател на општина Нова Варош, пренесуваат српските медиуми.