Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија во битка за безбедноста на млечните производи

0
By Нова ТВ on March 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2013 16:27

Производителот „Здравје Радово“ ветил дека ќе го повлече спорното сирење „Кришка“од српскиот пазар, ова во изјава НОВА го потврди Горан Паповиќ, претседател на Организацијата на потрошувачи на Србија.

Утрината, вели Паповиќ, во последниот разговор со компанијата било договорено да се повлече сирењето од маркетите на чија декларација пишувало дека содржи полномасно млеко и јогурт.

Независните анализи кои организацијата ги направила во референтна лабораторија во Франција покажале дури 77 проценти присуство на рибино, палмино, кокосово и билно масло во сирењето.

-Непримерно е две години да се продава такво сирење бидејќи тоа е измама на потрошовачите, изјави за НОВА Паповиќ.

Анализите на ова и на уште 200 други млечни производи биле направени уште во јануари. Но, бидејќи производителот не сакал да го повлече сирењето од пазарот, организацијата била приморана јавно да укаже на проблемот и информацијата ја објавиле на нивната веб страна.

Организацијата пред неколку дена ги предупреди потрошувачите да го одбегнуваат ова сирење додека не биде повлечено од маркетите. Од “Здравје Радово”, пак, тврдат дека никогаш не ги довеле во заблуда своите потрошувачи и дека гарантираат за безбедноста и квалитетот на своите производи .

-Ова се само напади кои ги имало и секогаш ќе ги има, коментираа од компанијата.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство вчера за НОВА се изјаснија дека не знаат за што станува збор. Подоцна во изјава за медиумите директорот Дејан Рунтевски нагласи дека сите млечни производи на нашиот пазар се безбедни.

Инаку, Србија сеуште е на нозе по аферата со канцерогениот афлатоксин М1 кој беше пронајден во млекото и млечните производи. Таму сеуште пристигнуваат резулати од анализите кои се прават во странство.

Паповиќ смета дека со строга контрола за еден месец работите ќе се нормализираат и потрошувачите ќе бида сигурни во безбедноста на млечните производи.

-Да бидам искрен сите домашни и странски измамници се сконцентрирани на нашиот пазар. Затоа мора да бидеме многу внимателни, вели Паповиќ.

Под притисок на потрошувачите Србија ќе го врати правилникот според кој максимално дозволеното ниво на афатоксините треба да биде до 0, 005, наместо 0, 05 како што одлучи владата неодамна, иако според Организацијата најдобро е воопшто да нема присуство на оваа опасна материја во млекото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.