Published: Saturday, December 28, 2013 12:15
Српската полиција во соработка со Обвинителството спроведува акција за разбивање на нарко-групите низ целата територија на Србија, јавуваат српските медиуми.
Акцијата „Гром 1“ започнала утрово во 04:30 часот, а се спроведува на барање на Бирото за координација на работата на службите за безбедност.
Се приведуваат лица кои се занимаваат со препродажба на дрога, но и со други кривични дела.
Во полициската акција „Гром“ во почеток на декември беа запленети околу 2о килограми дрога и беа приведени 124 осомничени лица од кои 70 се задржани во притвор.




