По вчерашната иницијатива за смена на градоначалникот на Белград, поднесена од страна на СНС и ДСС, на денешната седница присуствуваат 106 пратеници кои како четврта точка ќе расправаат по тоа прашање, јавува Б92.
Градоначалникот на Белград, Драган Џилас, не присуствува на седницата.
Пратениците најпрво гласале за измени на дневниот ред според кој е предвидено евентуалната смена на Џилас да биде четврта точка.
Точката е ставена на дневен ред со 57 гласови за. За таквиот дневен ред гласал и Милан Кркобабиќ.
Драган Џилас, кој не присуствува на седницата, на Твитер напиша дека е горд на Белград, кој актуелната градска власт ја развива со поддршка на граѓаните.
„Горд на Белград, кој го развиваме со поддршка на сите вас. Погледнете подобро на http://boljibeograd.rs “, пишува Џилас и порача дека со тие чекори гради подобра Србија.