Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Г-дин Али Ахмети, денес во седиштето на ДУИ во Тетово, го пречека Амбасадорот на ЕУ во Македонија, г-дин. Аиво Орав, се вели во соопштението на ДУИ.
-Амбасадорот Орав му честиташе на лидерот Ахмети за постигнатиот резултат на Демократската Унија за Интеграција на изборите на 27 април и за спроведувањето на изборниот процес. Исто така, Претседателот Ахмети и Евроамбасадорот Орав разговараа околу преговорите, добрососедските односи, решавање на прашањето за името и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
Претседателот Ахмети истакна дека албанските граѓани правилно ја проценија платформата на Демократската Унија за Интеграција заедно со фактот дека ДУИ побара мандат за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, за помирување, за зближување, добрососедски и меѓуетнички односи како и за економскиот развој.
Политиките на ДУИ се афирмативни и од проектите кои ги реализираме придообиваат сите граѓани, без оглед на етничката и верската припадност.
Започнатите разговори на двете страните кои добија апсолутен легитимитет, кај двете етнички заедници, ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ, се започнати и се развиваат во правец на хармонизација на изборната платформа и на видувањата за иднината на земјата како и земање на поголема одговорност во овој мандат.
Евро-атлантските интеграции се приоритет на Демократската Унија за Интеграција, и затоа Претседателот Ахмети ги покани нашите пријатели во Брисел и Вашингтон заедно да работиме за да се забрза овој процес во пресрет на самитот на НАТО во септември, се вели во соопштението на ДУИ.




