Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Бесими со Матуела и Худолин од ЕУ:Макроекономските политики и мерките за поддршка на стопанството клучни за остварување забрзан раст

0
By Mirjana on September 20, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Мишела Матуела, директор на Директоратот за проширување и соседска политика и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

 „РС Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот“, потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

„РС Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно“ – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата“, потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

„Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на РС Македонија ги следат овие насоки“, рече Бесими.

Бесими ЕУ средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.