Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со екс министрот за здравство, Никола Тодоров остварија средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
Како што соопштува партијата, соговорниците разговарале за актуелната состојба, приоритетите и предизвиците на државата.
– Беше констатирана заложбата Република Македонија што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што и преставува стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Воедно беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно на состанокот било истакната и потребата за дебата во однос на значајните одлуки и законски решенија.