Комесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе разговараат и за последните настани во земјата, средбата е закажана за во 12.15 во Брисел во кабинетот на комесарот.
Според портпаролот “средбата е можност да се разговара за извештајот на напредок и за основните предизвици со кои се соочува ПЈР Македонија”.
Пресудата за новинарот Кежаровски е последниот настан во нашата земја па нема сомнение дека најавата на портпаролот се однесува на тоа дека комесарот ќе го отвори прашањето и ќе побара дополнителни информации од премиерот.
Европската комисија (ЕК) најавува дека по средбата на Груевски и Филе тие нема да одговараат на новинарски прашања но ЕК вели дека најверојатно писмено ќе извести за текот на разговорот.




