Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Груевски и Даниелсон од Европската комисија

0
By Нова ТВ on June 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 4, 2014 19:04

На денешната средба на премиерот Никола Груевски со генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската Комисија (ЕК) Кристијан Даниелсон се разговараше за европската интеграција на Република Македонија, нејзините перспективи и реформите кои се преземаат за реализација на европската агенда, соопштува владата.

Според ова соопштение добро е оценет “континуираниот и добро воспоставен дијалог меѓу Република Македонија и Европската Комисија. Премиерот Груевски истакна дека европската интеграција е стратешка определба на земјата и дека приоритет на Владата останува да бидат реформите за европската интеграција при што референтен документ се избраните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво и ангажманот за нивното исполнување во целина. Тој истакна дека ќе се продолжи и со активностите и реформите кои овозможуваат понатамошна модернизација и унапредување на економијата и општествените сфери”.

На разговорот станало збор за изборите и формирањето на новата влада. Груевски рекол дека “прелиминарните наоди на ОБСЕ се внимателно анализирани и штом се објават конечните наоди и препораки, ќе бидат земени предвид и адресирани, за што веќе се изработува акциски план за понатамошно унапредување на законодавството и неговата имплементација. Беше истакната интенцијата, потребата и корисноста од институционален дијалог и коректни и продуктивните политички дебати во рамките на институциите со инклузија на сите политички фактори, како и потребата од одговорно и посветено однесување на сите чинители”.

Груевски истакнал дека Македонија “останува посветена на зајакнувањето на добрососедските односи и интензивирање на дијалогот и надминување на отворените прашања во духот на европските вредности, како и подготвеноста и отвореноста за соработка со соседите во голем број области”.

Во соопштението не се наведува која била пораката која европскиот соговорник му ја пренел на премиерот. Според најавите, во посета на Македонија по изборите требаше да пристигне комесарот за проширување Штефан Филе но наместо него во Скопје допатува шефот на европскиот директорат за проширување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.