Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на Џафери со членовите на КНРД на Косово: Северна Македонија ги поддржува напорите  за решавање на прашањата меѓу Приштина – Белград

0
By Ана Василевска on November 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Средба Талат Џафери со членови на КНРД на Косово
Средба Талат Џафери со членови на КНРД на Косово
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со членовите на делегацијата на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, со Хаки Абази, Илза Хоти, Фиторе Пацоли и Тиме Кадријај, кои престојуваат во еднодневна посета на  Република Северна Македонија.

Претседателот Џафери нагласи дека оваа посета претставува дополнително унапредување на конструктивната билатерална соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Собранието на Република Косово, по посетите на високо ниво меѓу двете држави, меѓу кои и неговата официјална посета на Република Косово, реализирана во март оваа година.

Тој го поздрави формирањето на Групата за пријателство во косовското Собрание и изрази надеж дека групите за соработка во двата законодавни дома, како и комисиите ќе ја интензивираат меѓусебната соработка. Тој  нагласи дека двете држави споделуваат исти стратешки определби и цели во однос на надворешната политика и Република Северна Македонија принципиелно ги подржува Евроатланските аспирации на Република Косово и во континуитет искажува подготвеност за пренесување на стекнатите знаења и искуства, како на патот кон ЕУ, така и во однос на аспирациите за интегрирање во НАТО Алијансата.

Џафери ја повтори и силната поддршка за визната либерализација за граѓаните на Косово со ЕУ, како и поддршката за членството на Република Косово во меѓународните организации и иницијативи, меѓу кои и во Советот на Европа. Исто така, истакна дека Република Северна Македонија ги поддржува напорите  за решавање на прашањата меѓу Приштина – Белград како важен придонес за стабилен регион.

Претседателот на  Комисијата, Хаки Абази, изразувајќи задоволство од добрите билатерални односи, нагласи дека постои простор за унапредување, со оглед дека двете земји имаат исти надворешно политички приоритети, членството во евроатланските структури. Тој истакна дека Република Косово е определена за добри односи со сите соседи, вклучително и Република Србија, на рамноправна основа и нагласи дека регионот има историска можност за градење мир во кој нема простор за конфликти. Абази ја нагласи и заложбата на неговата земја кон Берлинскиот процес како начин на забрзување на патот кон ЕУ и изрази благодарност за поддршката од Република Северна Македонија за зачленување на Република Косово во меѓународните организации.

Двајцата соговорници се согласија дека треба да се направат повеќе напори за олеснување на движењето меѓу двете земји и во таа насока за забрзување на работите околу изградбата на автопатот од македонска страна до граничниот премин Блаце.

 

 

 

Косово Србија Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.