Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

0
By Соња Крамарска on June 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: МИА (архивска фотографија)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Клубот на пратениците ќе одржат тет-а-тет средба на која ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повикува опозициската партија да ги поддржи уставните измени, додека ВМРО-ДПМНЕ во деновите пред официјалните разговори го повтори ставот дека нема да гласаат за уставни измени.

Според владиното соопштение од понеделникот на средбата Ковачевски-Мицкоски ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, исто така во понеделникот соопштија дека ставот на партијата е оти уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вчера истакна дека очекува на средбата Ковачевски – Мицкоски да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно со цел да ги продолжиме преговорите и да ја  отстраниме евентуалната блокада.

„Мислам дека само дијалогот е најдоброто решение и пред да започне процедурата во Собрание, логично е да седнат лидерите на најголемите политички партии, да поразговараат. Владата ќе биде конструктивна и секогаш ќе биде конструктивна“, вели Маричиќ.

Посочи дека она што е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки.

„Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, не треба, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, содржините на измените е далеку, далеку, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ е дециден доколку не се направат уставните измени, дефинитивно ќе биде испуштена шансата за влез во ЕУ.

Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „… бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во Амандманот 34, кој е заменет со член 49 и Амандманот 2. Во овој Амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот 2, после „… бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“.

С.К,

 

Димитар Ковачевски лидерска средба уставни измени Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.