Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на мешовитата историска комисија: Решенија нема, Софија инсистира на нивното гледање за минатото

0
By НОВА ТВ on October 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските и бугарските историчари денеска и вчера дискутирааа за повеќе прашања во рамки на 15-тата редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, што поради пандемијата со коронавирусот се одржа во онлајн формат. Како што брифираат за МИА од македонската страна во Комисијата, на средбата не се усвоени никакви решенија и препораки што се должи на исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање за минатото.

Ова беше четвртиот состанок од предвидените пет за оваа година, на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, на кој, како што информираат од македонската страна на Комисијата биле дискутирани неколку прашања важни за работата на Комисијата.

– На првиот ден од дискусијата членовите на Комисијата разменија неколку предлог-идеи за препораки за учебниците по историја со кои би се подобрило историското образование во двете држави. Како и досега, предлозите од македонската страна беа засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од УНЕСКО и Советот на Европа во кои се уважуваат различните погледи и толкувања на минатото. По исцрпна дискусија вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел–градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка, брифираат за МИА од македонскиот тим.

Во текот на вториот ден, како што информираат за МИА од македонската страна на Комисијата, членовите на Комисијата дискутирале и за можноста личноста на Гоце Делчев да биде заеднички чествувана од двете држави.

-Како и во однос на прашањето за учебниците по историја, дискусијата за Гоце Делчев го покажува различниот пристап и разбирање на историјата и нејзината улога во двете држави, велат за МИА од македонскиот тим на Комисијата.

Средбата на мешовитата Комисија се одржи во изборен период во двете земји – кај нас заврши првиот круг од локалните избори и тече кампањата во пресрет на вториот круг, а во Бугарија во тек е кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември.

На претходниот 14. состанок што се одржа на 10 и 11 јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега.

Формирањето на Мешовитата македонско-бугарска комисија е согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017 година, а нејзината работа е една од точките на патоказот 5+1 како можно решение за спорот со Бугарија и деблокада на пристапните преговори со ЕУ.

Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка од Комисијата со Бугарија

Бугарија Историја Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.