Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Попоски-Вигeнин, за унапредување на односите преку реализирање проекти

0
By Нова ТВ on December 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2013 14:30

Никола Попоски, министерот за надворешни работи, денеска престојуваше во работна посета на Бугарија, каде што оствари средба со бугарскиот колега Кристиан Вигенин.

Од МНР соопштуваат дека на средбата, двајцата министри се осврнале на актуелните билатерални прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку реализирање на конкретни договорни проекти што се од интерес на граѓаните на Македонија и Бугарија.

Акцент бил ставен и врз европската перспектива на регионот, која може да биде реалност само преку отворен дијалог и соработка, меѓусебно почитување и фокус на взаемниот интерес.

Министерот Попоски, потоа одржал средба со Комисијата за пријателство со Република Македонија на Собранието на Република Бугарија, на која се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката меѓу двете држави на парламентарно ниво.

Во рамки на средбите реафирмирани се иницираните активности од сите области на соработка меѓу двете земји, особено Коридорот 8, по потпишувањето на Протоколот меѓу министрите за транспорт на двете држави, потоа отворање гранични премини и одржување на претстојниот Бизнис форум, наредната година во Република Македонија.

За време на посетата министерот Никола Попоски одржал предавање пред Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија на тема: Пред и по пристапувањето, научени лекции и добрите практики за земјите кандидати за членство во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.