Алојз Петерле словенечкиот европратеник кој доаѓа на чело на мешовитиот парламентарен комитет на денешната средба во Брисел со шефот на македонската дипломатија Никола Поповски истакнал дека за разлика од неговиот претходник Шацимаркакис, ќе работи посветено.
„Гледам дека Владата е многу прагматична и реформски ориентирана и посакуваме дека преку дијалогот во овој Комитет, кој е составен од различни лица, посебно што има колеги од соседните земји, па очекувам многу искрен и конструктивен и пред се европски дух на Комитетот“, изјавил Петерле за МИА.
Европската комисија најави дека во наредните пет години ќе биде стопирано проширувањето. Двајцата соговорници се согласиле дека во тој период Брисел треба да се подготви за одлука, а Скопје за членство, со оглед дека подготвеноста за преговорите веќе одамна е потврдена. Мешовитиот комитет пак може да помогне за носење на одлуката.
„Но кога ние ќе бидеме подготвени, треба да биде подготвена и Европската унија“, порачал министерот Попоски, информираат од македонското МНР.




