Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Шахпаска- Форсгрен Бенгтссон: Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример прифатени и од другите држави во регионот

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 18:55

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија Кристин Форсгрен Бенгтссон.

На средбата ги презентираше активностите кои Министерството за труд и социјална политика  во континуитет ги презема на планот на превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, особено на жените и децата.

Министерката информираше дека преку Секторот за еднакви можности, МТСП има улога на координатор на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој петставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Шахпаска нагласи дека огромна е улогата на Центрите за социјална работа и стручните лица кои  се дел од мобилните тимови за рано откривање на жртви со трговија со луѓе.

– Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример и добра пракса која е прифатена од други земји во регионот. Во нашата држава во моментов постојат пет тима составени од претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи и од  здравство и од претставници од невладините организации. Тие функционираат  во Тетово, Гостивар, Куманово, Битола и Гевгелија.  Нашата намера е да  формираме уште такви тимови и во други општини, затоа што тие  покажаа огромни резултати во навремено идентификување и превенција на жртви на трговија со луѓе, рече Шахпаска.

Шведската амбасадорка Форсгрен Бенгтссон ја информираше министерката Шахпска за состојбата со трговијата со луѓе и со законските решенија и мерки кои се преземаат во Шведска. Таа потенцираше дека во изминатиот период голем дел од активностите  од шведската влада се насочени и кон  Северна Македонија.

– Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите во борбата против трговија со луѓе на државите во регионот вклучувајќи ја и Република Северна Македонија. Борбата против трговијата со луѓе треба да биде на високо ниво. Треба да се фокусираме на секоја норма на трговија со луѓе бидејќи во време на пандемијата од Ковид зголемена е онлајн експлоатацијата на луѓето, рече шведската амбасадорка Форсгрен Бенгтссон.

Денеска шведската амбасадорка го посети и Шелтер  центарот за жртви на трговија со луѓе во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.