Вечер (27 јуни) во книжарницата на МАТИЦА – КЛУБ МАТИЦА во 20 часот, е закажана промоција/средба со драмскиот автор Христо Бојчев (Бугарија), еден од најиграните современи драмски автори денес во светот.
Се работи за неговата книга со избор од 5 драми „Оркестар Титаник“, на македонски јазик, што ја подготви еминентната книжевна критичарка Г-ѓата Лилјана Мазова.