Вашингтон: Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Белата куќа има средба со неговиот француски колега Емануел Макрон на која ќе разговараат за начинита како да се запре војната во Украина.
Макрон е првиот европски лидер во посета на Белата куќа по враќањето на Трамп на власт. Лидерите на двете земји учествуваат на видеоконференција на Г7, а потоа ќе одржат билатерални разговори и заедичка прес-конференција.
Кон крајот на оваа недела во посета на Белата куќа доаѓа и британскиот премиер Кир Стармер.
Тројцата западни лидери се среќаваат неделава за разгледување на иницијативите на Трамп за запирање на војната меѓу Русија и Украина, улогата на Европа во преговарачкиот процес и безбедносните гаранции за Украина.