Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба во Берлин денес на Лавров, Климкин, Штајнмајер и Фабиус

0
By Нова ТВ on August 17, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина, заедно со нивните колеги од Германија и Франција денес ќе се сретнат во Берлин.

Сергеј Лавров, Павло Климкин, Франк-Валтер Штајнмајер и Лоран Фабиус ќе разговараат за кризата на истокот на Украина. Киев и Москва дојдоа до договор за начинот како да се постапи при инспекцијата на хуманитарниот конвој додека Црвениот крст чека гаранција дека транспортот ќе биде безбеден од другата страна на границата. Киев призна дека хуманитарниот руски конвој е легален и се чека негово зелено светло за влез на оваа помош на теренот.

Около 300 руски камиони кои, според Русија, носат 1.800 тони хуманитарна помош се блокирани од четвртокот на 30 км од границата до Доњецк и се чека нивна инспекција.

Инаку повеќе детонации беа забележани во саботата на украинска страна од границата а според агенцијата АФП биле видени и десетици блиндирани руски возила. Москва го обвинува Киев дека сака да ја саботира хуманитарната акција и побара прекин на огнот за да може да ја достави помошта до населението.

Западните земји повикаа на преговори и побараа воздржаност во воени акции бидејќи бројот на жртвите постојано расте во Доњецк и Луганск кои се под опсада на украинската армија.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во разговор со Ангела Меркел рече дека сака да учествува на следниот самит на ЕУ на 30 август за да ги информира Европјаните за ситуацијата. Тој разговараше и во американскиот потпретседател Џо Бајден и заклучија дека испраќањето на блиндирани руски возила и испорака на оружје до сепаратистите нема да ја подобри ситуацијата. Тие повикаа на дипломатско решение на кризата.

Москва демантира дека руски трупи и возила минале преку границата и го обвинија Киев дека фантазира. Но, премиерот на сепаратистите Александар Закхарченко во едно видео изјави дека добил 150 парчина воена опрема помеѓу кои 30 тенкови и други блиндирани возила и околу 1.200 војници кои биле тренирани на руска територија. Тој додаде дека тие стасуваат во критичниот момент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.