Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среде зима целта за Русите останува непроменета: Mасовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура

0
By Marija Todorovska on January 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија изврши голем ракетен напад врз украинската енергетска инфраструктура низ целата земја, предизвикувајќи превентивен прекин на струјата во некои региони, соопштија денеска украинските власти.

– Среде зима целта за Русите останува непроменета: нашето снабдување со енергија, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.

Четириесет проектили и 70 дронови биле користени во комбиниран напад, информира тој, повикувајќи на зајакнување на украинската воздушна одбрана за да ги издржи таквите напади.

Западниот регион Лавов, кој често е поштеден од најлошите борби, беше силно погоден во текот на ноќта, пренесе ДПА.

– Има напади на две критични инфраструктурни локации во окрузите Дрохобич и Стриј, соопшти воениот гувернер на Лавов, Максим Козицки на Телеграм и додаде дека во рускиот напад со крстаречки ракети нема загинати ниту повредени.

Снабдувањето со електрична енергија во Лавов сè уште е во функција.

Нападнати се енергетските капацитети и во соседната Ивано-Франковска област. Силите за итна помош се на терен и ситуацијата е под контрола, изјави гувернерката Свитлана Онишчук.

Сепак, како што изјави министерот за енергетика, Герман Галушченко, по ракетниот напад беа воведени превентивни прекини на струја во регионите Харков, Суми, Полтава, Запорожје, Дњепропетровск и Кировохрад.

Степенот на штетите во тие региони засега е нејасен.

Според украинската воздушна одбрана, руската војска во нападот користела крстосувачки ракети, како и хиперсонични ракети Кинжал и други балистички ракети.

воздушен напад Дронови Енергетска инфраструктура Зеленски Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.