Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средношколци: Бојкотот ќе трае додека Адеми не нè повика на средба

0
By Нова ТВ on April 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2015 15:44


Речиси 18 илјади средношколци на ниво на Македонија во моментов ја бојкотираат редовната настава во училиштата и очекуваат средба со министерот за образование Абдулаќим Адеми, за која тој вети дека ќе ја организира неделава, велат статистиките на Средношколскиот пленум.

Со вонучилишни активности, дебати и друштвени игри, учениците дел во училишните дворови, а во некои училишта и внатре во ходниците го спроведуваат бојкотот на наставата.

Средношколците се решителни во намерата преку бојкот да го натераат ресорниот министер да ги повика на дебата, а потоа да ги повлече и измените во полагањето на државна матура. 

Освен укинувањето на математика како задолжителен предмет за полагање при државна матура, средношколците бараат да се врати стариот концепт на полагање државна матура, односно да се отфрли електронското тестирање кое според нив е нефункционално и да се сопре екстерното тестирање.

Тие велат дека за време на бојкотот кој започна во понеделникот и сè уште тече, директорите и класните раководители постојано организираат вонредни родителски средби со цел, како што велат учениците да се спречи бојкотот.

„Притисоци имаме како од професорите така и од директорот. Ние и понатаму продолжуваме со бојкотот, имаме организирано различни активности. Продолжуваме сè додека министерот не најде време да се сретне со нас.“

„Родителите се известуваат преку е-маил да доаѓаат на вонредни родителски. Има родители што нè поддржуваат потполно, мал број се оние кои прифаќаат да се прекине со бојкотот, “ велат за НОВА средношколци од скопската гимназија „Георги Димитров“.

За разлика од „Георги Димитров“ во гимназијата „Никола Карев“ приритоците врз средношколците се намалени.

-Нема да престанеме со бојкотот сè додека министерот Адеми нема да нè повика на средба со точно време и датум кога ќе биде таа одржана. Во моментов се откажаа како институции се тргаат не нè присилуваат да се вратиме во училница, бидејќи видоа дека не се откажуваме, изјави за НОВА средношколец од гимназијата „Никола Карев“.

Бојкотот на ниво на Скопје моментално се спроведува во осум средни училишта. Вечерва на генерален состанок на скопскиот огранок на Средношколски пленум, учениците ќе одлучат дали од понеделник мерките ќе се радикализираат.

НОВА побара одговор од службата за односи со јавност при министерството за образование, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор дали министерот планира да се сретне со Средношколскиот пленум.

Освен во Скопје, бојкотот на наставата зема сè поголем замав и во Тетово, Куманово, Охрид и Струмица.

Мапата на бојкотот на училишта на ниво на Македонија, може да ја погледнете тука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.