Published: Monday, June 1, 2015 12:54
Средношколски пленум информира дека од денеска во соработка со СОС Детско Село започнува проект насловен „Од деца за деца“.
Нивната прва активност во рамките на овој проект ќе биде посета на ракометниот натпревар помеѓу РК Вардар и РК Радовиш од 17:00 во салата „Јане Сандански“ заедно со децата од СОС Детско Село.
Најавуваат дека ова ќе биде само почеток на низата активности со кои ќе им помогнат на најмладите, на иднината на нашата држава, бидејќи пред сè тие се борат за подобра иднина.




