Published: Saturday, July 4, 2015 15:19
Средношколскиот пленум најавува дека ќе ја продолжи битката за менување на моделот на екстерното тестирање. Членови на Средношколскиот пленум во интервју за „Дојче Веле“ велат дека нивните активности ќе продолжат во периодот кој престои, односно во септември кога е и стартот на учебната година.
Средношколскиот пленум десетици денови кампираше пред министерството за образование во знак на протест против екстерното тестирање и одбивањето на министерот да разговара со учениците и родителите по ова прашање кое отвори многу контроверзи од начинот на спроведување, подготовката на прашањата и ефикасноста на моделот.




