Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средношколски Пленум: МОН нареди прекин на акцијата “Од деца за деца”

0
By Нова ТВ on June 1, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 1, 2015 22:17

Средношколскиот пленум испрати отворено писмо за да предупреди дека Министерството за образование и наука, наводно прекинало заедничка акција на пленумот и СОС Детско Село, наменета за најмладите. НОВА ви го пренесува писмото во целост:

Ние, како Средношколски пленум праќаме отворено писмо до целокупната јавност.

На ден понеделник ( 01 / 06 / 2015 ) решивме да започнеме со нашата акција „Од деца за деца” , со која преку најразновидни акции сакавме да им го разубавиме периодот кој доаѓа на најмладите деца и со тоа да дадеме до знаење за кого се бориме и како се бориме.

Првичната акција требаше да се случи токму денес. Истата беше поврзана со СОС Детско Село. Имавме желба, децата да го видат прославувањето на титулата на нашиот најтрофеен клуб РК Вардар, кој титулата по успешно завршената сезона ја прославува токму на натпреварот РК Вардар – РК Радовиш кој се одигрува денес, а на кој ние , заедно со децата од Детското село требаше да присуствуваме. Но, како и во многу други наврати, Министерството за образование и наука посегна по она што не му доликува, а тоа е недоличното и пред се нехуманото дејствување со кое спречија два часа убавина и два часа радост исполнети со игра и дружење со ракометните шампиони на Македонија. Оваа акција на Средношколскиот пленум, кој потеницраме е целосниот организатор на акцијата “Од деца за деца” е прекината токму заради Министерството кое и овој пат се покажа како активно само тогаш кога треба да се спречи некоја манифестација која во прв план ја има љубовта и надежта која сакавме да им ја пружиме на децата на која таа им е најпотребна. Три пати ги преплавивме улиците на државата, шест недели ја бојкотиравме наставата, три недели кампувавме пред МОН и за жал не се најдовме во нивната агенда, но требаше една акција од ваков тип со која само уште еднаш се дава до дознаење дека генерациите кои доаѓаат се тие за кои се бориме, за да Министерството со министерот на чело се активираат, најдат место во нивната агенда и истата акција ја прекинат.

Освен што ја прекинаа акцијата, од нас бараат да демантираме дека вакво нешто воопшто било во план да се случи. Им се заблагодауваме што им ја уништија денешната агенда на децата од СОС Детското село. Исто така, ќе застанеме на страната на луѓето со кои што ова беше договорено и како што се боревме до сега, храбро и истрајно, така ќе се бориме и понатаму доколку МОН решат повторно да се служат со јазикот на заканите и уцените.
Знаејќи со што сè се справуваме ние за време на нашите активности, ако треба повторно ќе се мобилизираме и ќе застанеме зад сите кои би биле можна мета на закани и притисоци токму поради оваа наша благородна акција, за никој повторно да не мора да оди по трнливиот пат по кој чекорвме ние, средношколците, а го создаде МОН.

Само затоа што сме деца, не значи дека ќе замолчиме пред ваквите ограничувања. Баш затоа што сме деца, баш затоа што ова го поминавме, денес, по кој знае кој пат, НЕМА да се предадеме, нема да потклекнеме и нема да дозволиме нашите помали сограѓани, нивните воспитувачки, да се справуваат со вашите подмолни активности и замисли.
Одиме до крај, на подмолната рака на МОН мора да и дојде крај.

Им порачуваме, ниту вие , ниту сега, ниту било кога , ниту било кој ќе може да ја спречи нашата желба да им ја пружиме барем онаа основна помош на идните генерации и уште повеќе на децата кои тоа најмногу го заслужуваат а на кои во овој случај им е ускратено токму од тие на кои им е препуштена нивната иднина. Средношколскиот пленум со ова уште повеќе ја зацврствува својата идеја за подобро образование и подобра иднина за сите деца,кои се дел од ова наше општество.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.