Средношколскиот пленум кој бара укинување на предметот математика како задолжителен за државната матура, во блиска иднина ќе достави оформен текст до Министерството за образование и наука.
Задолжителното полагање математика доаѓа откако надлежните увидоа дека на тестирањата учениците покажуваат слаби резултати по овој предмет, како и дека нашите ученици многу ниско котираат на меѓународните истражувања.
Инаку веднаш по битолскиот Средношколски пленум, се формираше пленум и во Велес.
Велешките среднoшколци во потполност се противат на одлуката на Министерството за образование и наука за воведување на математиката како трет екстерен предмет.
Средношколците од Велес како и своите колеги од Битола, повикаа на приклучување на сите ученици во пленумите.



